Советот на Европа планира да усвои нови санкции против Русија, која ја нападна Украина, по санкциите кои веќе беа воведени во 2014 година по анексијата на Крим, соопшти вечерва организацијата.
Одлучено е веднаш да се разгледаат мерките што ќе бидат преземени како одговор на сериозното кршење на обврските на Русија од статутот како земја-членка на Советот на Европа, се вели во соопштението објавено по денешната средба на претставници на 47 земји-членки.
Русија е повикана веднаш и безусловно да ги прекине своите воени операции во Украина и ја повторува својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, пренесува Бета-Франс прес.
Комитетот на министри се согласи утре попладне да одржи нов вонреден состанок на кој ќе се разговара за мерките што треба да се преземат, вклучувајќи ја и можноста за повикување на членот осум од статутите на Советот на Европа.
Овој член овозможува суспендирање на сите права на „претставување“ на една земја-членка, а во подоцнежна фаза и можноста за нејзино исклучување.

