Некогаш во семејството се каравме за далечинското, а денес?

Сподели со своите пријатели

Четири од десет семејства имаат поголеми проблеми и несогласувања поради употребата на iнтернет, отколку за тоа што да гледаат на ТВ, според новото истражување.

Loading...

Истражувањето спроведено меѓу членовите на домаќинствата во Велика Британија покажа дека, во просек, во едно домаќинство, членовите „жонглираат“ девет уреди, истовремено поврзани на интернет.

Многу испитаници рекле дека би биле „целосно изгубени без интернет“.

 

 

Анкетата е спроведена во соработка со 2.000 родители и открива дека три четвртини од нив разговарале за користење интернет со својот партнер или деца додека посетувале часови на интернет или работеле од дома.

Утврдено е дека премногу уреди што се користеле истовремено, довеле до „пад на системот“, кочење при прикажување на содржина, прекинување на интернет-врската, додека децата играле игри, а родителите се обидувале да работат.

Loading...

Додека некои, на пример, преземале поголеми датотеки, тие ја забавиле врската на другите, што предизвикало повеќе расправии во семејството отколку вообичаено.

 

 

Според истражувањето, родителите редовно започнале да бараат од своите деца да ги оставаат своите телефони додека имаат видео состаноци.

Еван Винбург, извршен директор на интернет провајдерот Труспид, кој го нарачал истражувањето, вели: „Толку многу луѓе се дома и сакаат парче пита што ја обезбедува интернетот, и сето тоа може да влијае на брзината и перформансите, и да предизвика кавги во семејството“.

„За милиони луѓе, интернетот во моментов е единственото „бегство“ кон надворешниот свет, па затоа може да биде тешко за многу родители да се обидат да го балансираат со времето поминато офлајн.

 

Loading...

 

И тоа е сè кога услугата работи правилно, што е одлично за среќните 36 проценти кои имаат многу сигурна и брза врска, но може дополнително да ги фрустрира оние кои немаат таква услуга“, рече Винбург.

Истражувањето покажа дека просечно семејство има дури девет различни уреди поврзани на интернет дома во исто време, иако за некои тој број може да биде до 20 или повеќе.

Сигурниот пристап до интернет исто така се смета за клучен дел од современиот живот, бидејќи скоро сите испитаници тврдат дека се како „изгубени“ без интернет дома.

Како резултат, многумина рекле дека ова значи дека „повеќето“ од нивните кавги дома се поврзани со употребата на интернет.