Во нападот на Вооружените сили на Русија онеспособени се 74 копнени објекти на вооружените сили на Украина, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Како што е наведено, оневозможени се 11 аеродроми на воздухопловните сили на Украина, три командни пунктови, базата на морнарицата на Украина, како и 18 радарски станици на системите за воздушна одбрана С-300 и „Бук М-1“.
Нагласено е дека руската армија не ги таргетира украинските градови или општествените објекти во воените гарнизони за да избегне загуби меѓу украинските војници и нивните семејства.
Соопштено е и дека за време на специјалната операција биле соборени четири украински беспилотни летала „Бајрактар ТБ-2“, како и еден борбен хеликоптер.
Војниците на ДНР, кои се движат во правец на населбата Волноваха, напреднаа седум километри во длабочините на територијата, рече Конашенков.