Цените на пченицата драстично пораснаа на светските пазари по рускиот напад врз Украина, што ги одразува стравувањата од прекини во снабдувањето од два големи светски извозници.
Цената на бушел пченица (35,24 литри) се зголеми за повеќе од пет отсто, на 935 американски центи (9,35 долари), приближувајќи се на највисокото ниво од 2012 година.
На тргувањето утринава на берзата во Чикаго (COBT) цената порасна за максимално дозволени 50 центи, изјави Карстен Фрич од Комерцбанк.
Русија е најголемиот светски извозник на пченица
Силниот пораст на цените на пченицата предизвика руски напад врз Украина и закана од прекин на снабдувањето од два големи светски извозници.
Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а со Украина држи 29 отсто од светскиот извозен пазар.