БИТКА ПРЕД ПРЕСТОЛНИНАТА: Русите го преземаат стратешкиот аеродром кај Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинска Правда објави снимка од борбите за аеродромот Гостомел, кој се наоѓа во близина на Киев.

Loading...

Украинските медиуми тврдат дека во нападот учествувале голем број руски борбени хеликоптери, а противвоздушната одбрана успеала да собори два.

Тие наведуваат и дека силите кои го опслужувале аеродромот морале да се повлечат во засолништа и дека се прави обид за преземање на аеродромот од Русите.

Не се наведува дали се работи за колона што се пробила од правец на Белорусија кон Киев или се работи за слетување на аеродромот.

Украинските медиуми засега само го потврдуваат напредувањето на Русите во областа Киев, додека за другите делови од фронтот тврдат дека нивните сили се држат.