Хеликоптерски јуриш на Киев: Страшни снимки од руската офанзива (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Само неколку минути откако украинското Министерство за внатрешни работи објави дека руските сили влегле во регионот на Киев, новинарите и граѓаните во моментов во Киев пријавија бројни напади на руската армија, која сега е на само 15 километри од главниот град на Украина.

Loading...

„Руската армија ја проби државната граница во регионот на Киев. Непријателите влегоа преку преминот Вилц, а нашите граничари заедно со војската се подготвени за борба“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.

 

 

Дописникот на Си-Ен-Ен од Киев објави видео на Твитер, на кое, наводно, се гледа голема операција на воздушен напад со хеликоптери Ми-8 на меѓународниот аеродром Антонов.

Според Милер, станува збор за територија која е оддалечена само 15 километри од Киев.

 

Loading...

 

На социјалните мрежи е објавено уште едно видео на кое, како што навел авторот, се гледа како 20-30 руски авиони го бомбардираат претходно споменатиот аеродром.

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати во раните утрински часови и најави почеток на „специјална воена операција“ чија цел е „демилитаризација на Украина“.

Западните лидери го осудија чинот и најавија дополнителни санкции против Русија, додека во Украина беше прогласена вонредна состојба и општа мобилизација на населението.

Loading...