Фудбалскиот шампионат на Украина беше прекинат во четвртокот, беше потврдено на официјалниот сајт на Премиер лигата.
Loading...
Поради воведување на вонредна состојба во Украина, фудбалското првенство е прекинато“, се наведува во кратката порака.
Претседателот Володимир Зеленски прогласи воена состојба во целата земја поради нападот од Русија.
Ќе зависи и од натамошниот развој на ситуацијата кога повторно ќе се игра фудбал во Украина.
По 18 одиграни кола Шахтјор Доњецк е прв со 47 бодови, додека второпласиран е Динамо од Киев со 45.