Киев блокиран: Целосен хаос во престолнината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Низ цела Украина населението е во страв, а според странските медиуми луѓето масовно ги напуштаат домовите за да се спасат.

Според Би-Би-Си, голем број луѓе го напуштаат Киев, главниот град на Украина. Во градот се слушаат сирени, а улиците кон излезите од градот се пренатрупани.

 

 

На социјалните мрежи пишуваат како се чувствува паника во градот, а некои заминале и во прифатилишта.

На телевизиските снимки се гледа како луѓето се молат на улица. Дописникот на Гардијан пишува дека на улиците има малку луѓе, а пред банкоматите има огромни гужви.

 

 

– Се чини дека сообраќајот преку Северниот мост во Киев во четврток наутро се движи кон запад, а во правец на исток нема автомобили, пишува Си-Ен-Ен.

Екипите на Си-Ен-Ен рано утринава на терен известија дека слушнале експлозии кои звучеле како да доаѓаат од источниот дел на главниот град на Украина.