Романија полета два F-16 Fighting Falcon во четвртокот наутро за да пресретнат странски воен авион, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Пресретната цел е идентификувана како борбен авион Сухој Су-27 на украинските воздухопловни сили.
Нему му било наложено да слета во воена база во близина на градот Бакау во источна Романија, се вели во соопштението.
Министерството соопшти дека пилотот на украинскиот авион им се предал на романските власти.
Букурешт ги проценува правните последици од инцидентот. Министерството за одбрана најави дека повеќе детали за ситуацијата ќе даде подоцна.
Веста доаѓа во време на руска воена операција во Украина, која Русија ја започна во четвртокот наутро. Москва ги идентификуваше украинските воени аеродроми и авиони на теренот како примарна цел за нејзините воздушни напади.
Романија, членка на НАТО, рече дека ги презела сите неопходни мерки на претпазливост и дека ги следи случувањата во соседната земја.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека започнал операција за демилитаризација и „денационализирање“ на Украина.
Тој ги обвини САД дека ја вооружуваат земјата против Русија и замижуваат пред присуството на радикални националисти во редовите на украинските војници.
Операцијата има за цел да спречи уште полошо крвопролевање во иднина, тврди рускиот лидер.

