Финска подготвена да прими бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Финска е подготвена да прими бегалци од Украина, изјави финската премиерка Сана Марин и остро ја осуди руската воена акција во Украина.

Марин оценува дека може да се очекува голем број бегалци од Украина да се обидат да побегнат во Европската унија.

„Финското Министерство за внатрешни работи се подготвува да прими бегалци од Украина“, изјави таа за новинарите.

„Ова утро беше шок за нас“

И Марин и финскиот претседател Саули Ниинисто остро го осудуваат рускиот напад врз Украина.

„И покрај претходните предупредувања, ова утро беше шок за сите нас и нашите најдлабоки чувства се со украинскиот народ“, рече Ниинисто.

Ниинисто ја отфрли можноста Финска да реагира на настаните со итно барање за членство во НАТО.

„(Во Финска) сега гледаме повици за брзо пријавување денес и приклучување утре. Овие чувствителни реакции се разбирливи, но тоа не може да функционира на тој начин во реалниот свет“, рече тој.