Русија во четвртокот започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот. Украинците во страв масовно бегаат во соседните земји.
Колоната на границата со Словачка ја снимил новинарот Андреј Вајтовиќ.
Украинците бегаат и во Молдавија, која ќе воведе вонредна состојба и е подготвена да прифати десетици илјади луѓе од соседна Украина, изјави во четвртокот молдавската претседателка Маја Санду.
„Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, рече таа.
Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдавија, според веб-страниците на молдавските медиуми.
Молдавија ќе го затвори својот воздушен простор во четврток и ќе ги пренасочи летовите кон други аеродроми поради безбедносната ситуација во регионот, изјави молдавскиот вицепремиер Андреј Спину во објава на Фејсбук.
Oujhorod, situé à la frontière avec la Slovaquie. Image de désespoir. pic.twitter.com/UuRrNmMsel
— Andreï VAITOVICH (@andreivaitovich) February 24, 2022

