ШОКАНТНА СНИМКА ОД УКРАИНА: Крстосувачка ракета паѓа на аеродром во западниот дел на земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Моментот кога крстосувачката ракета го погоди аеродромот во градот Ивано-Франковск на западот на Украина го снимила камерата.

Loading...

На видеото јасно се гледа како проектил прелетува над зградата на аеродромот, а потоа предизвикува експлозија.

Специјалните операции на руската армија се уште траат во Украина.

Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.