Руски сили утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и ги приземјија силите на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот, објави британската новинска агенција Ројтерс.
Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.
Престрелката избувна во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а сирените се огласија над градот.
„Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.
Рускиот напад веднаш го пренасочи воздушниот сообраќај. Ова е фотографија од услугата Flight Radar. Како што може да се види, практично нема цивилни патнички летови над Украина.