Британскиот премиер Борис Џонсон истакнува дека е „згрозен од страшните настани“ во Украина и дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за следните чекори.
„Претседателот Путин го избра патот на крвопролевање и уништување со тоа што го започна овој неиспровоциран напад врз Украина“, напиша Џонсон во твитот.
„Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно“, додаде тој.
Руската армија започна напад врз Украина, по ненадејната најава на Владимир Путин, кој во директен ТВ пренос објави дека Русија тргнува во „воена операција“.
Претседателот на Русија најави почеток на воени операции за време на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Светските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат низ цела Украина, дури и во Киев и Харков, најголемите градови во земјата.
Руската војска уништи системи за воздушна одбрана на Украина
Повеќе од 105.000 жители од Доњецк и Луганск се евакуирани во Русија откако започна акцијата за евакуација од овие области во источна Украина.
– До утрото на 24 февруари, повеќе од 105.300 луѓе ја минале руската граница, повеќе од 66.000 се државјани на Украина, 38.600 Руси, речиси 320 државјани на трети земји – дознава агенцијата Тас од извори во надлежните служби.