Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Путин денеска започна војна против Украина, но и против целиот демократски свет.
Тој спомна и како разговарал со Џо Бајден, Борис Џонсон, Анджеј Дуда, Гитанас Наусед и Мајкл Хигинс.
„Путин сака да ја уништи мојата земја, нашата земја и се што изградивме. Покренуваме коалиција против Путин. Ја повикав светската заедница да ги воведе сите можни санкции против Путин, да иницира воена поддршка и да воспостави зона на забранети летови. „Заедно мораме да ја спасиме Украина“, рече Зеленски.
Тој испрати порака и до украинската армија.
„Испратив покана до украинската армија, која веќе е нападната и се бори против непријателот, ја знаеме моќта на армијата, вие сте силни. Украинците не паничат, заедно правиме се за да ја поддржиме армијата“, изјави претседателот на Украина.
Зеленски претходно прогласи воена состојба во земјата.