Столтенберг: Русија го избра патот на агресија

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика состанок на амбасадорите на НАТО за да се оцени инвазијата на Украина, која граничи со неколку членки на таа воена алијанса.

Loading...

Како што е најавено, на средбата ќе стане збор за „ситуацијата во Украина и последиците од неиспровоцираниот напад на Русија“.

Столтенберг претходно ја осуди руската инвазија на Украина и ја повика Москва веднаш да ја прекине воената акција.

„И покрај нашите постојани предупредувања и неуморните напори да се вклучи во дипломатијата, Русија го избра патот на агресијата“, рече Столтенберг.

Тој, исто така, ја предупреди Москва дека Алијансата ќе направи се што е потребно за да ги заштити и одбрани членките на НАТО.

Столтенберг ја нарече инвазијата „тешко кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“ и ја повика Русија „веднаш да престане со воената акција“.