Во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател Џозеф Бајден го осуди „неоправданиот напад врз Украина без причина“.
Loading...
Бајден го информирал Зеленски за чекорите што САД ги преземаат во меѓународната заедница.
„Зеленски ме замоли да ги повикам светските лидери јасно да се изјаснат против флагрантната агресија на претседателот (Русија Владимир) Путин и да застанат со народот на Украина“, рече Бајден, најавувајќи состанок со лидерите на Г7 денеска, пишува Гласот на Америка.
Тој изјави дека САД и нивните сојузници ќе воведат многу строги санкции кон Русија.
„Ќе продолжиме да даваме поддршка и помош за Украина и нејзините граѓани“, рече тој.