Гутереш повика Русија да ги повлече трупите, Путин порача другите земји да не се мешаат

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре неговите војници, велејќи дека рускиот напад врз Украина е „најтажниот момент“ во неговиот петгодишен мандат.

Loading...

„Во име на човештвото, вратете ги своите војници во Русија“, рече Гутереш, отворајќи ја вонредната седница на Советот за безбедност на ОН рано утринава, во време кога беше започнат рускиот напад врз Украина.

Путин рано утринава најави дека ќе започне „специјална воена операција“ во источна Украина.

Најавувајќи ја воената операција во источна Украина, Путин рече дека таа има за цел да ги заштити цивилите.

Во телевизиско обраќање, Путин рече дека акцијата доаѓа како одговор на заканите кои доаѓаат од Украина.

Тој додаде дека Русија нема цел да ја окупира Украина. Путин рече и дека одговорноста за крвопролевањето е на украинскиот режим.

Путин ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици кои никогаш не ги виделе“.

Гутереш го повика рускиот претседател да ги повлече војниците од седницата на Советот за безбедност на ОН.

Loading...

„Во име на човештвото, не дозволувајте она што може да биде најлошата војна во Европа од почетокот на векот, со последици не само погубни за Украина, не само трагични за Руската Федерација, туку со влијание што не можеме ниту да го предвидиме во однос на последиците за глобалната економија“, додаде тој.

„Она што ми е јасно е дека оваа војна нема смисла“, рече Гутереш, нагласувајќи дека таа ја прекршува Повелбата на ОН и дека, ако не престане, ќе предизвика страдање што Европа не го видела од балканската криза во 1990-тите.

Амбасадорот на Украина во Обединетите нации пред Советот за безбедност изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „објавил војна на Украина“ барајќи од неговиот руски колега да каже дека Русија нема да ги гранатира и бомбардира украинските градови.