Киев: Руската армија ја нападна Украина од Белорусија

Сподели со своите пријатели

Украинската гранична служба денеска соопшти дека руската армија ја нападнала Украина од соседна Белорусија.

Loading...

Руските сили започнаа артилериски бараж како дел од нападот со поддршка на Белорусија, а украинските граничари возвратија, соопшти граничната служба, наведувајќи дека нема податоци за жртви.

Руските сили распоредија во Белорусија на воени вежби, потег што Западот го сметаше како вовед во инвазијата на Украина.

Главниот град на Украина, Киев, е на околу 75 километри од границата со Белорусија.