Си-Ен-Ен, повикувајќи се на новинари и сведоци, објави список на места во Украина каде што се слушнале експлозии во четвртокот рано наутро, а британскиот амбасадор во Украина изјави дека започнува „неиспровоциран напад“ врз таа земја.
„Страшно“, напиша Мелинда Симонс на Твитер.
Експлозиите се слушнале источно од Киев од правец на меѓународниот аеродром.
Тимот на Си-Ен-Ен во Харков, вториот по големина украински град во североисточниот дел на земјата, слушна „постојан прилив на силни експлозии“.
Исто така, експлозии се слушнаа во близина на Краматорск на исток, потоа источно од Мариупол, во близина на Одеса и во близина на Запорожје.
Explosion in Ukraine’s Maruipol pic.twitter.com/uOv0J6ceve
— Rohan Dua (@rohanduaT02) February 24, 2022