Рускиот претседател Владимир Путин ја овласти армијата за специјална воена операција во Донбас, Украина. Украинскиот претседател прогласи воена состојба за целата земја.
Русија цели на украинската воена инфраструктура, воздушната одбрана и воздушните сили со прецизно оружје и не ги напаѓа украинските градови, пренесе руската новинска агенција РИА, цитирајќи го руското Министерство за одбрана, кое соопшти дека воената инфраструктура на воздухопловната база на украинските вооружени сили бил „исфрлен од строј“.
Ракетирани се аеродромите Бориспол (Киев), Озерна, потоа Николаев, Чугуев (кај Харков), Краматорск, Херсон, соопшти Генералштабот на Украина. Акции на проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск.
Воздушниот простор на Украина е затворен за цивилен сообраќај, а Русија ги затвори и аеродромите во делови од земјата што граничи со Украина.