И годинава нема пари за Гимназијата „Сами Фрашери“ во буџетот на МОН (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во буџетот на Министерството за образование и наука годинава нема предвидено финансиски средства за изградба на Гимназијата „Сами Фрашери“ која настава изведува во лоши услови во зградата на некогашниот ЗИК.

На денешната дебата за унапредување на стручното образование во Куманово присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој со градоначалникот Максим Димитриевски, но и претставници на Советот на општината разговарал, меѓу другото, и на оваа тема.

Во изјавата за медиумите, заменик министерот истакна дека пари за ново училиште нема предвидено.

– Во сегашниот буџет не е предвидено. Знам дека постапката ќе започне, местото е префрлено во сопственост на општината, идејниот проект е планиран, има подготвено да се најде решение, со министерот и државниот секретар имаме слух да го слушнеме тој проблем и да се најде решение, изјави Алиу.

 

 

Вели дека во наредниот буџет ќе се направат напори да се реши овој проблем стар 20 години.

На новинарско прашање каде е кочницата, вели дека е само една недела на функцијата и треба да ги прашаме другите.

Инаку, условите во кои се изведува наставата во ова училиште се лоши, а објектот е многу стар и воопшто не е граден за да биде училиште, туку е дадено како привремено решение во 2004 година кога беше одлучено учениците Албанци да ја напуштат Гимназијата „Гоце Делчев“.

Никола Ивановски