Гутереш: Руските сили не можат да бидат мировници

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во вторникот изјави дека руските трупи во источна Украина не можат да бидат „мировници“ како што ги нарече рускиот претседател Владимир Путин.

– Кога трупите на една земја влегуваат на територијата на друга земја без нејзина согласност, тие не се непристрасни мировни сили. Тоа воопшто не се мировни сили – рече Гутереш.

Тој исто така рече дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на двете самопрогласени држави „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“.

Гутереш изрази загриженост поради „изопаченоста на концептот за зачувување на мирот“.

Минатата недела Путин рече дека Русија верува дека се врши „геноцид“ врз Русите во источна Украина, што беше отфрлено од генералниот секретар на ОН.