Плановите за средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во моментов не се разгледуваат, соопшти Белата куќа.
Портпаролката на Бајден Џен Псаки рече дека американскиот претседател е отворен за дипломатија и преговори на највисоко ниво, но сега, додека Русија го поттикнува украинскиот конфликт, не е вистинското време, рече таа.
„Никогаш нема целосно да се откажеме од дипломатијата“, рече Псаки, нагласувајќи дека е неопходно Москва да го промени правецот.
Во последните денови се разговараше за очи в очи меѓу Путин и Бајден.
Бајден начелно се согласил на средбата и се чини дека Кремљ бил отворен за таа можност, велат од Белата куќа.
Таа рече дека никогаш немало конкретен распоред за втората средба на двајцата претседатели – за тие детали во четврток требало да разговараат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Сепак, таа средба беше откажана.

