Двојка од САД многу добро ќе го памети вчерашниот датум бидејќи на свет дојде нивната ќерка Руби.
И не само тоа – освен што е родена на 22.02.2022 година, малата Руби е родена во 14:02 часот, односно во два часот и две минути попладне.
Дека животот на Руби ќе биде одбележан со бројот 2, говори и тоа што на тој ден таа била второто бебе родено во тоа породилиште, а второто дете е на нејзините родители.
Американските медиуми пренесуваат дека и мајката и бебето добро закрепнуваат, а болницата се пофалила со фотографијата со малата Руби.
Вчерашниот датум создаде редок палиндром со осум цифри, односно бројот што се чита во двете насоки има исто значење.
Ако го прочитате 22.02.2022 година и лево и десно и ќе го добиете точно истиот датум. Во некои фонтови, вчерашниот датум е исто така амбиграм, така што можете да го читате на ист начин кога ќе го свртите екранот.
Двојките како што се 22.2.2022. следниот пат ќе се случат во 2222 година, но ќе падне во петок.
Ова ќе биде последен пат да има целосен состав од двојките до 22 февруари 22.222. година, точно 20.000 години после тоа.