До 150 американски војници и воена опрема ќе пристигнат во Бугарија оваа недела на заедничка обука, соопшти денеска Министерството за одбрана на земјата.
Американските војници и оклопни возила денеска и четврток ќе преминат од Романија во Бугарија за да учествуваат во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на војниците, се вели во соопштението на Министерството.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).
Путин потпиша и договори за соработка со ДНР и ЛНР.
Според договорот со НАТО сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2.500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја, потсетува британската агенција.
Минатата недела, министерот за одбрана Стефан Јанев рече дека американската војска ќе биде во воената база Ново Село во источна Бугарија на заедничка обука.