Русија е подготвена да го продолжи дијалогот за ситуацијата во Украина со европските земји, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.
Подготвени сме за дијалог со сите, вклучително и со европските партнери“, рече Руденко, пренесува ТАСС.
Тој рече дека Русија поддржува мирно решавање на какви било конфликти, вклучувајќи го и оној во југоисточна Украина.
„Министерството за надворешни работи секогаш го поддржува мирното решавање на какви било конфликти, вклучително и конфликтот во југоисточна Украина, и ни се чини дека денешната одлука ќе го промовира ова мирно сценарио. Се надеваме дека е така“, рече Руденко, пренесува ТАСС.
Одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена за дијалог по поканата упатена претходно од украинскиот претседател Владимир Зеленка, Руденко рече:
„Секогаш сме подготвени за дијалог со сите страни.“
Државната дума на Русија денеска ги ратификуваше договорите за пријателство, соработка и взаемна помош со самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики.