Кралицата Елизабета откажа виртуелен состанок поради Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Кралицата Елизабета Втора ќе го пропушти планираниот виртуелен настан во вторник бидејќи сè уште има благи симптоми на Ковид-19, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Loading...

Палатата во неделата објави дека кралицата е позитивна на коронавирус, но и дека се очекува да продолжи да ги извршува своите помалку напорни должности, што укажува на тоа дека не е сериозно болна.

Кралицата испрати порака со сочувство до Бразил во понеделникот поради неодамнешните смртоносни поплави и планира да одржи виртуелни дипломатски состаноци договорени со странските амбасадори.

Но, сега таа одлучи да донесе одлука што да прави кога ќе дојде време за секој планиран настан, како што е неделното интервју со премиерот Борис Џонсон во среда.

Кралицата (95) пред две недели прослави 70 години владеење.

Кралицата, која е вакцинирана против коронавирусот, минатата недела изјави дека не може многу да оди, а во октомври ноќта ја мина во болница, но не се знае зошто.