Сирија е прва земја што ја поддржа одлуката на Русија

Сподели со своите пријатели

Сирија во вторникот објави дека ја поддржува одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на двата сепаратистички региони во источна Украина.

Loading...

„Сирија ја поддржува одлуката на претседателот Путин да ги признае републиките Луганск и Доњецк и ќе соработува со нив“, рече министерот за надворешни работи Фајсал Микдад во вторникот, САНА.

 

Путин ги призна Доњецк и Луганск: Русија ја создаде Украина

 

„Она што Западот го прави против Русија е слично на она што го прави против Сирија за време на терористичката војна“, рече министерот на форумот „Валдаи“ во Москва.

Русија беше главниот сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад во војната што избувна во 2011 година.

Микдад рече дека САД и Западот продолжуваат да го поддржуваат тероризмот во Сирија, кој претставува закана за Блискиот Исток и за светот.

Loading...

Путин во понеделникот најави дека ќе ги признае двата региони во говор со кој ја негира украинската државност.

 

Путин ги призна Доњецк и Луганск: Русија ја создаде Украина