Двајца украински војници загинаа, а 12 се повредени во гранатирањето во текот на ноќта, се наведува во извештајот објавен утринава од Министерството за одбрана на Украина.
Loading...
Во извештајот се наведува дека Украина во изминатите 24 часа забележала 84 прекршувања на силите поддржани од Русија.
Како што се посочува, во 64 случаи употребеното оружје било забрането со договорите од Минск.