Турција ги отфрли потезите на Русија

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за надворешни работи ја отфрли одлуката на Русија да ги признае украинските региони Доњецк и Луганск како независни републики, објави турската новинска агенција Анадолија.

Loading...

Според турското Министерство, оваа одлука е спротивна на Договорот од Минск и претставува отворено нарушување на политичкото единство, суверенитет и интегритет на Украина.

„Сметаме дека одлуката на Русија е неприфатлива и ја отфрламе. Ја нагласуваме нашата посветеност на политичкото единство и територијалниот интегритет на Украина и ги повикуваме страните на воздржаност и здрав разум“, се вели во соопштението.