Јанша ја осуди одлуката на Русија

Сподели со своите пријатели

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае самопрогласените републики Доњецк и Луганск и ја повика Европската унија да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство.

Loading...

Јанша изјави дека руското признавање на Доњецк и Луганск е очигледно кршење на меѓународното право и на договорите од Будимпешта и Минск, пренесува Хина.

„Словенија го осудува овој незаконски чин. ЕУ мора да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство“, напиша словенечкиот премиер на Твитер.

Јанша вчера во Словенија се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а по средбата двајцата официјални лица повикаа на деескалација на конфликтот и политичко решение на кризата околу Украина.

Јанша по средбата со Орбан изјави дека во случај на ескалација на тој конфликт нема да има победник, особено поради степенот на развиеност на воената технологија и додаде дека тоа треба да го знаат „секој што штрака со оружје“.