Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го осуди руското признавање на самопрогласените републики во источна Украина.
Loading...
„Го осудуваме руското признавање на самопрогласените региони Доњецк и Луганск, што е кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина“, објави синоќа Пленковиќ на Твитер.
Тој изјави дека заедно со европските партнери изразуваат солидарност со украинскиот претседател Зеленски и со украинскиот народ, пренесува Хина.
Одлуката на рускиот претседател ја осуди и хрватското Министерство за надворешни и европски работи, наведувајќи дека со тоа се нарушува украинскиот територијален интегритет, меѓународното право, Минските договори и се поткопува дипломатското решение на „кризата“.