Казахстанските власти го приведоа поранешниот министер за одбрана Мурат Бектанов, додека обвинителството покрена истрага против него поради неисполнување на должноста за време на немирите минатиот месец, соопшти Канцеларијата на Јавното обвинителство.
Loading...
Претседателот Касим-Жомарт Токаев ги опиша немирите како обид за државен удар, а уште еден поранешен безбедносен функционер, поранешен шеф на Советот за национална безбедност, е уапсен под обвинение за предавство и злоупотреба на власта, пренесе Ројтерс.
Токаев го замени Бектанов минатиот месец, велејќи дека тој не покажал никаква иницијатива за време на немирите.