Граната истрелана од украинска територија го уништила денеска рускиот граничен пункт без жртви, објави руската служба за безбедност во момент кога силите поддржани од Киев се борат против проруските сепаратисти во источна Украина.
„Денеска, 21 февруари, во 9.50 часот, неидентификувана граната испукана од украинска територија целосно го уништи граничниот контролен пункт во Ростовската област, на околу 150 метри од руско-украинската граница, соопшти руската служба за безбедност ФСБ, пренесоа руските агенции.
Се наведува дека нема жртви и дека деминерите работат на таа локација.
Портпаролот на украинските сили во Краматорск во источна Украина изјави дека немало артилериски оган на рускиот граничен пункт во секторот Ростов, како што информира Русија, оценувајќи дека станува збор за руска дезинформација.
„Не можеме да ги спречиме да ги изнесат овие лажни информации, но инсистираме на фактот дека не целиме на ниту една цивилна инфраструктура, ниту на територијата на Ростов во Русија“, изјави Павло Ковалчук за АФП. Тој додаде дека „артилериски оган не се гаѓа кон руските окупаторски сили“.
Видеото обезбедено од ФСБ беше објавено на агенцијата Риа Новости и покажува оштетена мала зграда среде поле со дрвја и урнатини расфрлани наоколу.
Интензитетот на конфликтот меѓу украинската армија и проруските сепаратисти поддржани од Москва се интензивираше во последните три дена во источна Украина, област која се наоѓа на југозападната граница со Русија.
Западот ја обвинува Москва дека акумулирала 150.000 војници на границата со намера да ја нападне Украина. Западот смета дека Русија бара причина за војна за да го оправда нападот и дека ескалацијата на конфликтот во источна Украина може да послужи како изговор.
Киев и проруските сепаратисти се во конфликт од 2014 година, при што загинаа повеќе од 14.000 луѓе. Ова не е првпат украински гранати да паднат на руска територија.
🇷🇺⚡️Russian FSB published footage of its border checkpoint in Rostov which, according to its statement, was targeted by a Ukrainian shell. https://t.co/CAYeyPoGei pic.twitter.com/oeLkgSR7ey
— Ukraine War Report (@UkrWarReport) February 21, 2022