ЕУ да воведе бар дел од санкциите за Русија, бара украинскиот шеф на дипломатијата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба зборуваше за тензиите меѓу Русија и Украина.

Loading...

Тој рече дека е крајно време Западот да воведе барем дел од санкциите што ги подготвил против Русија.

– Русија треба веднаш да биде запрена. Гледаме како се одвиваат работите – рече тој.

Тој додаде дека е време за акција.

– Постојат сите причини што барем дел од санкциите подготвени против Русија можат веднаш да се спроведат – додаде министерот.

Неговата изјава дојде веднаш откако Русија и Белорусија одлучија да ги прошират воените вежби во близина на украинската граница и додека западните лидери предупредија на неизбежна руска инвазија додека судирите се интензивираат во источна Украина.

 

Loading...