Неделна прогноза за Куманово: Драстичен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до 17 степени целзиусови. Во текот на ноќта се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд и температура од пет степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен целзиусов, а максималната дневна ќе достигне 7 степени. Во текот на ноќта се очекува врнежите од дожд да престанат.

Во среда ќе имаме претежно облачно време, со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу вториот степен над нулата, а максималната дневна ќе достигне 8 степени целзиусови.

Претежно облачно време со кракти сончеви периоди ќе имаме и в четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне осум степени целзиусови, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти до -5 степени.

 

 

Петок носи претежно сончево време и благ пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. утринската температура ќе се спушти два степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 11  степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме облачно време. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневн ќе достигне 9 степени целзиусови. Во текот на ноќта облачноста ќе донесе врнежи од дожд.

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

 

 

Разведрување на времето ќе има на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски