Двајца кумановци, барани за издржување затворски казни, вчеравечер биле приведени во Куманово.
– На 18.02.2022 во 22.00 и во 23.30 часот во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.К.(28) и З.А.(63), двајцата од Куманово, за издржување затворски казни, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле спроведени во казнено-поправната установа Затвор Кшање за издржување на затворските казни.
Никола Ивановски

