Овие двајца другари се како едно – доволни им се пар очи и пар раце да се радуваат и од пуста земја да направат цела шума!
Нивното село им е благодарно – го заштитиле од поплави!
Во околината на селото Јели во североисточна Кина, пред 53 години, било пустелија – само плевел и камења. Поплавите често ја погодувале огромната, речиси неплодна земја. Во еден селски дом се слушнале врисоци.
Воздухот го „кинеле“ породилниот плач на жена и бебе. Се родил Џиа Хаиксија, а неговата мајка веројатно плачела – што од среќа, што од тага. Затоа што нејзиното новороденче било слепо на едното око.
Истата година (1962) во истото село се родил друга Џиа – Џиа Венки. Пораѓањето поминало без солзи на тага, но по три години плачела и неговата мајка – синот во несреќата ги загубил двете раце!
Нивното село Јели сè уште било зафатено од страшни поплави.
Годините минувале, водата доаѓала и си одела. Несреќата, како што често се случувало, била неумерена.
Едноокиот Џиа Хаиксија на работата останал без очите. Во несреќа на работното место изгубил и друго око. Приказната за двајцата Џиа добива ноти на голема трагедија.
Крај на животот за слеп и без раце? Нема да може – животот е посилен од несреќата!
Џиа и Џиа станале едно. Станале неразделни пријатели. Иако не можеле да најдат работа, не се откажале.
Тие морале да им дадат смисла на нивните животи, поголема од самото пријателство.
Тие решиле да закупат 8 хектари пустелија околу нивното село и да направат голема работа за идните генерации. Ќе засадат шума! Ќе го заштити селото од поплави!
Она што го сакале двајцата, тоа и го направиле. За повеќе од 10 години уникатна тимска работа, тие засадиле повеќе од 10.000 садници.
Секое утро стануваат во седум и тргнуваат во акција. Бидејќи немаат доволно пари за да купат садници, сечат гранки од дрвјата и ги полагаат во земја и создаваат нов живот.
Рамо до рамо, научиле да се справуваат со своите „недостатоци“.
Венци често го носи Хаиксија на рамениците и на тој начин ја газат реката. За возврат, Хаиксија се качува на дрвја и собира нови садници.
Кога ќе ги засади, Венки ги наводнува. Тимската работа вредна повеќе од 10.000 дрвја за повеќе од 10 години. И повредно од тоа!
Погледнете ја целата сторија подолу: