Вкупно 23 пешаци биле канзети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи вчера, а најголем дел од казните биле во Куманово.
– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) од 16.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле санкционирани 23 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, од кои 13 во Куманово и 10 во Крива Паланка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат во соопштението, Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.
– Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од кумановската полиција.
Никола Ивановски

