Почина момчето од Авганистан кое три дена беше заробено во бунар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спасувачите денеска по неколкудневната деноноќна спасувачка мисија успеаја да го извлечат од бунарот шестгодишното дете по име Хајдар. За жал, мештаните за Би-Би-Си изјавиле дека момчето не давало знаци на живот.

Loading...

Спасувачите рекоа дека момчето престанало да комуницира со нив во четвртокот.

Хајдар од вторникот е заробен во бунар во селото Шокак. Момчето се заглавило на длабочина од околу 10 метри, а медиумите јавуваат дека длабочината на бунарот е 25 метри.

 

 

Спасувачите копаа со денови за да стигнат до заробеното момче.

За жал, денеска стигна потврда од талибанските власти дека момчето починало.

Loading...

– Со голема тага соопштуваме дека малиот Хајдар нѐ напушти засекогаш – напиша Анас Хакани, советник во МВР.

Да потсетиме, пред две недели спасувачите се бореа за животот на момчето кое падна во бунар во Мароко.

Спасувачката мисија траела цели четири дена, а половина час откако момчето било извлечено од бездната стигнала веста дека починало.