Една нова студија спроведена во Велика Британија покажа дека староста не започнува додека не наполниме 76 години.
Нашите баби и дедовци се чувствуваат најмалку 12 години помлади отколку што всушност се, открило понатамошното истражување на „Treasure Trails“.
Се испоставило дека модерните пензионери не веруваат дека всушност се стари додека не навлезат длабоко во седумдесеттите.
Повеќе од една третина од анкетираните пензионери (38% од нив) инсистираат на тоа дека староста не започнува пред да наполните 80 години, а 46% од нив велат дека се чувствуваат поспособни од нивните родители во истите години.
40% од нив тврдат дека се „шеесеттите и четириесеттите“, а секој десетти испитаник верува дека има повеќе енергија од своите деца, пишува „Индекс.хр“.
Тајната на долговечноста е во поминувањето време со внуците?
Многумина од нив причината за својот ентузијазам ја пронашле во поминувањето време со своите внуци.
Една петтина од испитаниците велат дека играњето со внуците помага во одржувањето на веселиот и младешки дух, а две третини (64%) веруваат дека решавањето на различни загатки, квизови и тестови им помогнало да останат ментално стабилни.
Според студијата, околу 28% од луѓето на возраст над 60 години вежбаат три или повеќе пати неделно.
А што ве прави стари ако ги прашате милениумците?
Дадоа најразлични одговори, а овие „особини“ се нивна асоцијација за „староста“.
- Користење на готовина
- Ставање марамчиња во џеб
- Примање сметки по пошта
- Елегантен прибор за јадење за специјални пригоди
- Пишување со хемиско пенкало на хартија
- Пушење
- Нетолеранција на гласна музика
- Повикување такси наместо користење на апликацијата
- Откажување од гласање на избори
- Гледање телевизија
- Користење Фејсбук наместо Инстаграм
- Читање книги
- Одење во црква
- Телефонски разговор
- Носење тесни панталони
- Користење на фото-апарат
- Запознавање нови луѓе без да користите апликации за запознавање
- Користење на Инстаграм, но без давање детален опис во биографијата
- Користење на сателитска навигација
- Потрошувачка на млечни производи
Дали се согласувате со наведените старосни показатели?