Без вода три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три локации во Куманово се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабувањето има на улиците „Видое Смилевски Бато“ каде има изместување на водомер, дефект на водоводна цевка има на улицата „Тоде Мендол“, додека на улицата „Јане Сандански“ се врши детектирање на поцинкувани водоводни водови со трасер поради дислоцирање на водоводна цевка.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски