Смирувањето на бебето што плаче понекогаш е тешка задача. Малите бебиња не нè разбираат и не можат да се изразат што им пречи, што ја отежнува комуникацијата и ја сведува на наша нежност и поддршка на бебињата со допири и смирувачки тонови, но често и тоа не помага.
Доколку се задоволат сите потреби на бебето, а тоа се уште плаче, работите може да му се искомплицираат на родителот. Затоа, едно видео кое се појави на интернет добро им дојде како идеја на сите збунети и изгубени родители и не е ни чудо што многу брзо стана вирално.
Во видеото на ТикТок, Џонатан, самопрогласена „Tuque Daddy“, покажува како со едната рака го држи својот 2-месечен син, а со другата ги обвива неговите мали раце околу неговото тело во „самопрегратката“. Потоа со едната рака го држи бебето за рацете и торзото, а со другата го држи под пелената. Нежно занишајте го во оваа поза и момчето се смирува по 18 секунди.
@tuquedaddy Reply to @king.marcellius I wanna see people try!! Duet this and try if you can!! I wanna see y’all super heroes 🥰🥰🥰 #tuquedaddy #fypシ #parenting
Во коментарите имаше и такви кои се осврнаа на плачот што му претходеше, за кој рекоа дека е многу неподнослив, се восхитуваа на смиреноста на таткото при изведувањето на техниката, а други ги коментираа исклучиво резултатите, пофалувајќи го таткото за идејата.
Имено, наводно се работи за легитимна техника на калифорнискиот педијатар др. Роберт Хамилтон, кој зад себе има преку 30 години практично искуство и прв го објави на Јутуб и собра повеќе од 53 милиони прегледи.