Во раните претпладневни часови во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на претпладнето облачноста постепено ќе се намалува и попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од од 12 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. утринската температура ќе се движи околу вториот степен, додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до 14 степени целзиусови.

И во текот на следната работна недела ќе се задржи претежно топло и суво време, освен во вторник кога ќе има услови за дожд.
Никола Ивановски

