Живее во село на Алјаска, а до неа може само со авион: За да купи леб патува 320 километри (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Живеам во зафрлено село на Алјаска што го дели моето презиме. До Порт Алсворт може да се стигне само со мал авион, а најблиската продавница е оддалечена 320 километри, рече Салина Алсворт, опишувајќи како изгледа нејзиниот ден.

Loading...

Како што вели таа, нејзината утринска рутина зависи од годишното време и од временските услови. Тие не гледаат многу сонце во зима.

– Во лето сонцето изгрева многу порано отколку што станувам, а во зима неколку часа подоцна, ако времето воопшто ни дозволи да го видиме. Се будам во 6:45 часот, имам едноставен појадок, поминувам неколку минути во тишина со мојата мачка и потоа го правам утринското чистење пред да одам на работа – продолжи таа.

 

 

Салина вели дека живее на кратко пешачење од воздушното такси на нејзиното семејство каде што помага во зимските месеци, па затоа и треба повеќе време да ги облече снежните панталони, јакната, капата и ракавиците отколку да стигне на работа.

– Зимските денови ги поминувам координирајќи ги летовите до и од моето село. До 8 часот наутро, поминувам низ полн хангар на авион што го делиме со другите, пред да се сместам во диспечерската канцеларија.

Loading...

 

 

„Работам на масата, ги следам летовите, го координирам товарот и разговарам на телефон со луѓето во малите околни села каде што нашите авиони застануваат за да земаат и превземаат патници и товар“, продолжи таа.

Таа вели дека во лето се возат чамци меѓу поединечни села, а во зима поединци знаат дека товарот го превезуваат со моторни санки преку замрзнати езера.

 

 

Loading...

– Но, за да отпатуваме до Енкориџ и назад, да одиме на лекар, да купиме намирници или едноставно да талкаме низ Таргет (тамошен трговски центар), мора да летаме со авион или воопшто да не патуваме – изјавила оваа девојка.

 

 

Нашата флота варира од мали „буш“ авиони скои можат да слетаат во тундра, до релативно поголеми двомотори кои можат да примат до девет патници.

За нас, тие авиони се како јавни автобуси, приватни лимузини, камиони за пошта, колички за намирници, испорака на пици, амбулантни возила и многу повеќе што им требаат на луѓето што живеат овде.

 

Loading...

 

Нејзиниот работен ден завршува во 13 часот. Вели дека и останува доволно време за долги прошетки и приватни работи кои сака да ги работи.

– Понекогаш застанувам кај поштата, а кога денот е убав, сакам само да останам надвор. Понекогаш барам мајка ми или некој од моите роднини да ми се придружат на прошетка – додала таа.

 

 

Loading...

Таа вели дека поштата е на другиот крај од нејзиното место, всушност е нешто повеќе од еден километар оддалечена од нејзината куќа. Но, во текот на зимата мора да се облечат многу топло, иако не е далеку.

Нејзиното село има околу 130 жители и сите добро се познаваат.