Група студенти од Куманово започна со собирање потписи на онлајн петиција со која ќе побараат од надлежните да им излезат пресрет со решение за покачениот билет на релација Куманово – Скопје.
Од завчера билетот кон Скопје чини 150 денари, однсоно е покачен за 30 денари во однос на претходно.
Студентите велат дека ова ќе донесе оптоварување на нивните и онака слаби буџети и бараат помош од надлежните. Со новото покачување тоа ќе ги чини скоро по 1.000 денари месечно повеќе, средства кои голем дел од студентите не можат да си ги дозволат.
– Барањето ќе го пратиме до Министерството за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, и агенциите за транспорт кои се за релација Скопје – Куманово и обратно, за да имаме еден „колективен договор„ со МОН, студентите и первозниците, да има субвенции за превозниците, а на нас студентите да ни се намали дневниот билет на 100 денари, велат студентите.
Инаку, билетот за релацијата Куманово – Скопје во минатото чинеше 100 денари. Откако започна пандемијата цената беше покачена за 20 денари, а од завчера истиот билет чини 150 денари.
Сите заинтересирани можат да ја потпишат онлајн петицијата ТУКА.
Никола Ивановски

