Понекогаш во животот мораме да носиме тешки одлуки за да можеме да продолжиме понатаму. Но, ретко кој би имал храброст да направи такво нешто дури и во средна возраст, а дури во осмата деценија од животот. Меѓутоа, една баба не дозволила годините да ја спречат да биде среќна и да се омажи.
Керол Мек има 73 години, работи како професор, а била адвокатка, медицинска сестра и активист. Таа беше во брак 40 години, но, како што вели, останала сама во седумдесетите.
Сепак, решила повторно да бара нова љубов и успеала, па се подготвува за втор брак, а веста ја споделила на Твитер и веднаш станала вирален хит.
Life is so strange. After nearly four decades of marriage, I never expected to be single again at 70. And I certainly didn’t expect to find true love at the age of 73 in the middle of a pandemic! And now this! pic.twitter.com/HszN0zj9pr
— Carol H. Mack (@AttyCarolRN) February 11, 2022
Покрај многубројните честитки, луѓето и „искажаа сочувство“, бидејќи претпоставуваа дека го загубила сопругот поради пандемијата.
Сепак, Керол ги шокираше сите кога ги откри деталите за нејзиниот, како што се испостави, развод.
Рекла дека го избркала сопругот бидејќи открила дека ја изневерува, а тврди дека немала дилема при таа одлука.
Таа не очајуваше многу, туку што поскоро презеде сериозни чекори.
Влијанието на студентката врз професорката е видливо откако Керол ја пронашла љубовта на својот живот на апликацијата за запознавање „Match“. Сепак, ова не и бил прв избор, бидејќи, како што вели, ги пробала сите вакви социјални мрежи пред да има среќа.
Нејзиниот нов вереник е исто така професор на факултетот и тие се на слична возраст. Таа е многу возбудена што ќе има можност да ја запознае својата сродна душа во доцните денови и сака нејзината приказна да ги инспирира сите што мислат дека се премногу стари за нешто, особено за нова љубов.