Три локации во Куманово се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето има на улиците „Васил Драгомански“ и „Тоде Думба“ поради ископ на шлицеви за изведба на бај-пас.
Дефект има и на челичен водоводен вод 406 од П.С. Бедиње до Филтер станица.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски

