Која е „сендвич генерацијата“ и зошто е под толку голем притисок? „Сендвич генерацијата“ вклучува луѓе кои моментално имаат меѓу 35 и 54 години.
Од една страна, тие се принудени да ги воспитуваат своите деца, а од друга, да се грижат за своите родители.
Според агенцијата за истражување на јавното мислење, Пју Рисрч, во Соединетите Држави, 31 процент од луѓето од оваа генерација се чувствуваат секогаш под притисок.
Едно од решенијата е да им се олесни како родители, и да се намали тој притисок. Меѓу другото, Google им го продолжи платеното отсуство на оние кои штотуку станале родители, како и на оние кои се принудени да се грижат за своите родители.
„Сендвич генерацијата“ сочинува 40 отсто од вкупниот број вработени во Google. Други американски технолошки гиганти, како Мета и Нетфликс, исто така се одлучија за поволности за вработените од оваа генерација.
Треба да се напомене дека компаниите во САД не се обврзани да обезбедуваат платено отсуство од работа откако ќе станат родители. Само 23 отсто од американските работници го имаат ова право.
Во некои други земји ситуацијата по ова прашање е многу подобра. На пример, во Естонија мајките имаат целосно платено отсуство од 85 недели, во Унгарија 72 недели, во Бугарија 58 недели, според УНИЦЕФ.